САД НУДАТ НАГРАДА ОД 50 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА АПСЕЊЕ НА МАДУРО Венецуела возврати- тоа е „најсмешната димна завеса што некогаш е видена“
Наградата првично беше одредена на 15 милиони долари во 2020 година, кога американските обвинители го обвинија Мадуро за трговија со дрога. Во јануари 2025 година, таа беше зголемена на 25 милиони долари.
Соединетите Американски Држави ја дуплираа наградата за информации што би довеле до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 50 милиони долари, обвинувајќи го дека е „еден од најголемите трговци со дрога во светот“.
Информацијата ја објави американската државна обвинителка Пам Бонди.
Во видео објавено синоќа на X, Бонди го обвини Мадуро за соработка со истакнати криминални групи како Трен де Арагва и картелот Синалоа.
Today, @TheJusticeDept and @StateDept are announcing a $50 MILLION REWARD for information leading to the arrest of Nicolás Maduro. pic.twitter.com/D8LNqjS9yk
— Attorney General Pamela Bondi (@AGPamBondi) August 7, 2025
Венецуелскиот министер за надворешни работи Иван Гил изјави на Телеграм дека објавата е „најсмешната димна завеса што некогаш е видена“.
-Додека ги разоткриваме терористичките заговори оркестрирани од нејзината сопствена земја, оваа жена излегува со медиумски циркус за да ѝ се додворува на поразената крајна десница во Венецуела. Достоинството на нашата татковина не е на продажба. Ја осудуваме оваа сурова политичко-пропагандна операција – рече Гил.
Наградата првично беше одредена на 15 милиони долари во 2020 година, кога американските обвинители го обвинија Мадуро за трговија со дрога. Во јануари 2025 година, таа беше зголемена на 25 милиони долари.
Во февруари, американскиот Стејт департмент формално ја означи венецуелската банда Трен де Арагва како странска терористичка организација, заедно со MS-13 и неколку мексикански картели. Во јули, тој го означи и Картел де Лос Солес како глобална терористичка организација.