„ТАРАВАРИ ШЕПОТИ ЗАД СЦЕНАТА, ДУИ ЛАЖЕ“ Ќе се вработат хонорарците од тетовската болница, порача Алиу

Ги слушнавте измислиците дека 155 лица од Тетово нема да се вработат. Срамота е, дури и за нивниот стандард на лаги. Тоа е евтин театар за евтини политички поени врз плеќите на луѓе што со години живеат во несигурност. Затоа порачувам: 155 луѓе од Клиничката болница во Тетово ќе добијат договори на неопределено време. Точка. Постапката е завршена. Стававме крај на оваа агонија што тие ја создадоа и ја хранеа со години, вели министерот за здравство Азир Алиу.

1,149

Денес држиме прес-конференција затоа што имаме што да покажеме — резултати, решенија, договори, а тие седат по ќошиња, скриени зад тастатури и зад ширење лаги, за да ги покријат сите зулуми и срамови што им ги оставија на граѓаните, особено во здравството, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу, во врска со обвинувањата од ДУИ дека хонорарците од болницата во Тетово нема да добијат вработување.

– Ги слушнавте измислиците дека 155 лица од Тетово нема да се вработат. Срамота е, дури и за нивниот стандард на лаги. Тоа е евтин театар за евтини политички поени врз плеќите на луѓе што со години живеат во несигурност. Затоа порачувам: 155 луѓе од Клиничката болница во Тетово ќе добијат договори на неопределено време. Точка. Постапката е завршена. Стававме крај на оваа агонија што тие ја создадоа и ја хранеа со години – рече Алиу.

Овој проблем траеше со години, додаде тој, затоа што ДУИ беше со децении на власт и никогаш не се потруди да го реши.

– Дури и кога Арбен Таравари беше една година министер, ништо не направи. Само седеше и гледаше како овие луѓе се понижуваат со привремени договори и живеат во несигурност. Денес, кога ние конечно донесовме решение, тие повторно покажаа дека единственото што знаат е да лажат, да манипулираат и да подметнуваат преку своите луѓе што сè уште шетаат по институциите. Таравари денес молчи пред јавноста, а зад сцена шепоти како портпарол на ДУИ. Избра да биде маша на партијата што го уценуваше и сега го користи како пиун. Ова не е само пад, ова е капитулација и граѓаните тоа го гледаат, го чувствуваат и ќе го запомнат – рече Алиу.

Ние нема да застанеме, ќе продолжиме да работиме, да решаваме и да градиме додаде тој.

– Резултатите се нашиот одговор на нивните лаги – потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.

ВРАБОТУВАЊЕТО НА 155 ХОНОРАРЦИ ОД ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА ЌЕ СЕ РЕШИ СИСТЕМСКИ Владата не ги дели граѓаните на тетовци, струмичани, гостиварци…






Поврзани содржини