ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АНТИКОРУПЦИСКА НЕ ОДИ НА РАБОТА Комисијата не побара оставка ниту разрешување за Димитровска

Поднесување оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка, смета Државната комисија за спречување на корупцијата.

1,286

Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека претседателката Татјана Димитровска не доаѓа на работа, но дека Собранието е институцијата која носи одлука за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

„Поднесување оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка. Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Сепак, во интерес на непречено работење и успешно остварување на целта и надлежностите на Државната комисија цениме дека е исклучително важно Државната комисија да функционира во полн состав. Воедно, ве известуваме дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција согласно изречените мерки од надлежниот суд, во изминатиот период не доаѓа на работа“, се наведува во соопштението од Антикорупциската комисија.






Димитровска е обвинета за оддавање државна тајна во случајот „Адитив“, како и за тоа дека овозможила друг да полага за безбедносен сертификат во нејзино име.

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АНТИКОРУПЦИСКА ОБВИНЕТА ЗА ОДДАВАЊЕ СЛУЖБЕНА ТАЈНА Друг полагал наместо неа за таа да добие безбедносен сертификат

 

Поврзани содржини