„ЖЕРНОВСКИ САКА ДА Е ЛИДЕР НА СДСМ, ТРАГЕДИЈА САМА ПО СЕБЕ“ Некој го охрабрил да пишува статуси и напади против Мицкоски, регира ВМРО-ДПМНЕ

Охрабрен од своите спонзори и од внатрешен круг кој тоа повеќе и не го крие, го гледаме како секојдневно е активен со „храбри“ статуси и напади, кои потоа со трчање ги пренесуваат неколку познати медиуми. Кој ќе биде лидер на СДСМ - нека си решаваат. Но, изборот помеѓу сегашниов и Жерновски е трагедија сама по себе. И за државата. И за демократијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

745

 

Се здружија сите домашни предавници, штом Бугарија доживеа тежок пораз во АФЕТ (Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на обидот на лидерот на Левица Димитар Апасиев со закон да се забрани употребата на името ВМРО, како и на обвинувањето од Андреј Жерновски од СДСМ дека премиерот Христијан Мицкоски побарал бугарски пасош.






„Од плакарот на тајните служби прво го извадија Апасиев. Не им успеа! Па следуваше новата наредба од темните ходници во Софија: Жерновски да биде полигонот преку кој ќе ја започнат новата тура на лаги против премиерот и Македонија. Жерновски, внукот на бугарскиот кмет Жерноф, во духот на семејната историја се јави – по којзнае кој пат одработува, јавно и сервилно, за истата таа агенда која сака да го избрише ВМРО од историјата, да го релативизира македонскиот идентитет, и да ја направи Македонија заложник на туѓи интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Но, нема да им успее, се додава во соопштението, македонскиот народ знае кој се бори за него, а кој тргува со туѓи агенди.

„А каква само трагедија е тоа што повторно го потценуваат народот. Тие што ја предадоа и ја продадоа државата, сега, со истиот тој ѓон од образ со кој нè понижија, се осмелуваат да зборуваат за пасоши против оној кој денес со сите сили се обидува да го заштити она што тие го уништија“, се вели во соопштението.

Воедно, ја користиме оваа прилика да ја информираме јавноста дека бугарската културно-уметничка инсталација во државата, Андреј Жерновски, има сериозна амбиција да стане нов лидер на СДСМ, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Охрабрен од своите спонзори и од внатрешен круг кој тоа повеќе и не го крие, го гледаме како секојдневно е активен со „храбри“ статуси и напади, кои потоа со трчање ги пренесуваат неколку познати медиуми. Кој ќе биде лидер на СДСМ – нека си решаваат. Но, изборот помеѓу сегашниов и Жерновски е трагедија сама по себе. И за државата. И за демократијата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини