ЧУВАЈТЕ СЕ, СЛЕДУВААТ ИЗГОР ДЕНОВИ! Министерството за здравство ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите препораки

Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.

122

Министерството за здравство потсетува да се почитуваат општите препораки за заштита на населението од високи температури по најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), дека во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C.

Општите препораки за заштита на населението од високи температури се:






– Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

– Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.

– Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и за очи.

– Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.

– Посветете внимание на децата, старите лица, лицата со хронични заболувања и на бремените жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.

– Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.

– Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.

– Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.

Министерството додава дека внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.

Поврзани содржини