КАРАМБОЛ КАЈ ХОТЕЛ БЕЛВИ, СООБРАЌАЈОТ СЕ ПРЕНАСОЧУВА Се судриле „ивеко“, „ауди“ и „голф“

Возилата кои патуваат накај Скопје на овој пат се пренасочуваат зад бензинската пумпа.

3,734

Сообраќајот на автопатот Куманово‑Скопје се пренасочува откако утрово три возила се судрија кај хотел Белви, јави Министерството за внатрешни работи.

Возилата кои патуваат накај Скопје на овој пат се пренасочуваат зад бензинската пумпа.






Според соопштението, на автопатот се судриле товарно возило „ивеко“ со скопски таблички, управувано од 54-годишниот С.Д., патничко „ауди“ со скопски регистрации управувано од Д.Р. (31) и „голф“ со кумановски таблички управуван од С.А.

Возачот на „голфот“ е итно префрлен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Повредениот е во стабилна состојба“, се вели во полицискиот билтен.

 

Поврзани содржини