АВСТРИСКА ВЕЧЕР НА ОХРИДСКО ЛЕТО Касинос Австрија Интернешанал беше ексклузивен спонзор на концертот на гудачкиот квинтет

Како поранешен стипендист на австриската влада, директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцкоски, изрази благодарност до австрискиот амбасадор Мартин Памер и до ексклузивниот спонзор Касинос Австрија.

28

Во магичниот амбиент на црквата „Св. Софија“ во Охрид, на 16 јули се одржа уште една незаборавна австриска вечер како дел од престижната програма на фестивалот „Охридско лето“. Касинос Австрија Интернешанал Македонија како ексклузивен спонзор, обезбеди поддршка за концертот.

– Музиката не познава граници, таа ги поврзува луѓето, народите и срцата. Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук ја воодушеви публиката со изведби на дела од Гулда, Дворжак и Трајковски-Фис. Особено горди сме што дел од овој состав беше и контрабасистот Драган Трајковски, Македонец кој со години е еден од носителите на австриската музичка сцена. На програмата беа гудачки квинтети на Гулда, Дворжак и Трајовски-Фис. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со задоволство ја поддржа оваа вечер која е симбол на културен дијалог, почит и уметност – рекоа од компанијата.






Како уметник и поранешен стипендист на австриската влада, директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцкоски, изрази благодарност до австрискиот амбасадор Мартин Памер и до ексклузивниот спонзор Касинос Австрија.

Австриската вечер на фестивалот се одржува секоја година со поддршка од Амбасадата на Република Австрија во Македонија и од австриската влада. Вечерта е мост меѓу културите, традицијата и уметноста – и токму таквите вредности, Касинос Австрија Интернешанел Македонија ги поддржува и негува.

 

Поврзани содржини