ГОЛЕМА ВЕСТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА Американската црква ѝ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

На вонредна седница, Светиот синод на ПЦА ја потврди канонскоста и воспостави целосно општење со Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

2,437

На вонредна седница одржана на 21 мај 2025 година, Светиот синод на Православната црква во Америка (ПЦА) донесе историска одлука: да ја признае канонскоста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Одлуката стапи на сила веднаш и подразбира целосно евхаристиско и канонско општење со сите архијереи, свештеници и верници на МПЦ-ОА.

Оваа значајна одлука беше соопштена на целата Православна црква во Америка од страна на Неговата Блаженост, Митрополитот Тихон, во неговиот извештај на 15 јули 2025 година до 21-от Се-Американски собор, кој се одржува оваа недела во Финикс, Аризона.






Одлуката доаѓа како резултат на официјално барање испратено од Неговата Светост, Патријархот Порфирије од Српската православна црква, кој преку писмена кореспонденција го повика Митрополитот Тихон да постапи во согласност со Томосот за автокефалност, кој Српската православна црква ѝ го додели на МПЦ-ОА, и да ја признае нејзината автокефалност.

Како што информираат од кабинетите на Митрополитот Тихон и Архиепископот Стефан од Охрид, се планира и заедничка прослава помеѓу двата поглавари, која ќе се одржи во катедралата „Свети Никола“ во Вашингтон, седиштето на Митрополитот Тихон.

Прославата, најави Митрополитот Тихон пред делегатите на Американската црковна конференција, ќе заврши со формално признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, што ќе значи и официјално поставување на Македонската црква рамо до рамо со Православната црква во Америка како целосно автокефална и локална православна црква.

Ова признание е од огромно значење за македонската православна заедница во дијаспората, но и за црковната дипломатија на глобално ниво, со оглед дека ПЦА важи за една од водечките православни структури во Северна Америка.

Поврзани содржини