СЕ ОБИДУВАА ДА ГО СПАСАТ, НО БЕШЕ ПРЕДОЦНА Бебе од Србија се задави со храна во ресторан во Грција

Тринаесетмесечно дете ненадејно почина на семеен одмор, обидите за спасување беа залудни, грчките власти шокирани од случувањето.

1,463

Тринаесетмесечно бебе од Србија трагично го загуби животот во ресторан во туристичкото место на Халкидики, Грција, пред очите на своите родители. Според информациите од грчките медиуми, трагедијата се случила вчера околу 18 часот, додека семејството било на вечера.

Семејството, татко на 31 година и мајка на 32 години, допатувале на одмор заедно со нивното мало дете, кога одненадеж бебето почнало да се гуши со храна. Родителите се обиделе да му помогнат на детето во првите моменти, но ситуацијата брзо излегла од контрола.






Очевидци велат дека сцените биле шокантни, а луѓето во ресторанот повикале итна медицинска помош. Екипите на брза помош најпрво го пренеле детето во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, а оттаму веднаш било препратено во болницата во Полигирос.

И покрај сите обиди на лекарите, детето било прогласено за мртво. Грчката полиција го истражува случајот, но првичните информации укажуваат на несреќа поврзана со давење при јадење.

Поврзани содржини