ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ ПОД ЛУПА Поздрава алтернатива или тивка закана?

Електронските цигари станаа глобален феномен во последната деценија – особено кај младите. Но, дали знаете дека водената пареа (аеросолот) од електронските цигари и вејп уредите не е „само пареа“ – таа содржи различни хемикалии и честички што можат да бидат штетни за здравјето.

80

Електронските цигари, познати и како е-цигари или вејпинг уреди, станаа глобален феномен во последната деценија – особено кај младите. Тие се рекламираат како „помалку штетна“ алтернатива на традиционалните цигари, а нивните шарени дизајни и овошни вкусови ги прават уште попривлечни, дури и за оние кои никогаш порано не пушеле.

Но, што навистина знаеме за нивното влијание врз здравјето?






Статистика: Кој и колку користи е-цигари
Според Светската здравствена организација (СЗО), има повеќе од 80 милиони корисници на е-цигари низ целиот свет.

Во Соединетите Американски Држави, речиси 14% од средношколците користат вејп производи.

И кај нас употребата на електронски цигари кај младите се зголемува, а особено е загрижувачки што голем број адолесценти кои претходно не пушеле конвенционални цигари, исто така ги користат.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини