ВМРО-ДПМНЕ ИМА ПОДДРШКА ОД НАД 50% Граѓаните ја препознаваат искрената намера на договорот со Обединетото Кралство

Се очекува да се добијат ниски камати поради добриот кредитен рејтинг на Обединетото Кралство, грејс период – нема да треба да се плаќа додека не се изгради, како и обука од стручни лица од Обединетото Кралство.

452

Граѓаните даваат голема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ над 50%, но даваат и поддршка на стратешкиот Договор на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ склучен со Обединетото Кралство, соопшти ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на анкетата објавена викендов.

„Повеќе од 41% од граѓаните го поддржуваат договорот со Обединетото Кралство, кој нѐ става на иста маса со големите земји и рамноправно одлучуваме за иднината. Граѓаните ја препознаваат искрената намера на договорот со Обединетото Кралство, кој ќе донесе новитети во инфраструктурата, енергетиката, здравството, образованието и во дигиталната трансформација. Ние нема да правиме анекси, нема да класифицираме договори, туку ќе работиме исклучиво во интерес на граѓаните. Затоа и СДСМ, првенствено го напаѓаше договорот, но кога видоа за што станува збор, бидејќи јасно и транспарентно сѐ беше објавено, си ја свртија капата и не кажаа ниту збор повеќе“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму додаваат дека со договорот освен поддршка за економијата од Обединетото Кралство, добиваме нов Клинички во Штип, реконструкција на болниците во Тетово и во Кичево, нов медицински факултет и студентски дом од 200 легла во Штип, изградба на железничката пруга на Коридорот 10, изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, како и заштита во делот на сајбер безбедноста.

Ова се дел од проектите кои Владата планира да ги направи преку стратешкиот договор со Обединетото Кралство. Се очекува да се добијат ниски камати поради добриот кредитен рејтинг на Обединетото Кралство, грејс период – нема да треба да се плаќа додека не се изгради, како и обука од стручни лица од Обединетото Кралство.

„Продолжуваме понатаму, ги градиме темелите на промените“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини