НА ТАБАНОВЦЕ И НА БОГОРОДИЦА СЕ ЧЕКА ПО 30 МИНУТИ Сообрaќајот на патиштата е умерен
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На граничните премини Табановце за влез и на Богородица за излез од земјава се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути, соопшти Авто мото сојузот (АМСМ).
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.