ТИНЕЈЏЕРИТЕ ГО СЛЕДАТ УВ ИНДЕКСОТ, АМА НЕ ЗА ЗАШТИТА Нов загрижувачки тренд на Тик-Ток
Додека повеќето родители ги предупредуваат своите деца да го избегнуваат силното сонце и да не забораваат крема за сончање, тинејџерите на Тик-Ток започнаа нов загрижувачки тренд, намерно изложувајќи се на најсилното UV зрачење за побрзо да потемнат.
И покрај предупредувањата за опасностите од сончање, оштетувањето на кожата и ризикот од рак, сè повеќе тинејџери сега намерно бараат најсилно сонце за побрзо да потемнат. Нов тренд од Tик-Ток, познат како „проверка на UV“, предизвикува загриженост кај дерматолозите ширум светот.
Се работи за млади луѓе кои го користат UV индексот од временската прогноза како водич за сончање – колку е повисок UV, толку е, според нив, подобро време да се лежи на сонце. Но, UV индексот всушност ја мери јачината на штетното UV зрачење, а не „квалитетот“ за постигнување на потемен тен.
Дерматолозите предупредуваат: овој тренд е опасен
Експертите истакнуваат дека ова е многу загрижувачко однесување. Д-р Викторија Казлоускаја им објаснува на родителите дека постојаното изложување на високи УВ зраци на млада возраст значително го зголемува ризикот од меланом, еден од најсмртоносните форми на рак на кожата.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.