„ТРАМП Е КОНТРАДИКТОРЕН“ Кремљ е спремен да се спротивстави на сите можни дополнителни санкции од САД

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва знае како да се справи со можните нови санкции од САД, нагласувајќи дека во изминатите години развиле механизми и решенија кои овозможуваат да ги задоволат клучните потреби преку супституција. Тој рече дека, и покрај контрадикторните сигнали од администрацијата на Трамп, Русија упорно и доследно го следи правецот кон нормализација на билатералните односи.

696

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека постапките и изјавите на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, се контродикторни.

– Администрацијата на Трамп е многу контродикторна во своите постапки и изјави. Тоа не ја олеснува работата. И покрај тоа, ние упорно и доследно го следиме правецот кон нормализација на нашите односи – посочи Рјабков.






Тој додаде дека Русија знае како да се спротивстави на сите можни дополнителни санкции од Вашингтон.

– Знаеме како да се спротивставиме на санкциите. Гледаме дека изминатите години развија алатки и шеми што во најголем дел овозможуваат да се задоволат одредени потреби во голема мера преку супституција – истакна Рјабков.

ПАУЗАТА ВО ИСПОРАКАТА НА ОРУЖЈЕ ЗА УКРАИНА ИЗГЛЕДА НЕ Е ОБИЧНА ГРЕШКА Дали дел од тимот на Трамп игра за Русија зад негов грб?

Поврзани содржини