ИДЕНТИТЕТОТ И ЈАЗИКОТ НЕ СЕ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА Рокас уверува дека тие најдобро се бранат со членство во ЕУ

Извештајот на Европскиот Парламент дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата, рече евроамбасадотор Михалис Рокас.

424

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот Парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата.

Во врска со спорните одредби во Извештајот во врска со идентитетот и јазикот, тој рече дека Европарламентот е независна институција, која носи политички одлуки согласно свои внатрешни процедури.






– Најважно е да се истакне дека идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки. Идентитетот и јазикот најдобро се бранат со полноправно членство во ЕУ – рече Рокас.

Поврзани содржини