🎥 ХЈУ ГРАНТ ЗАДРЕМА ДОДЕКА ГО ГЛЕДАШЕ НОЛЕ Потоа ѝ шепна нешто на кралицата Камила – фановите имаат теорија што рекол

Настанот се одвиваше за време на еден од највозбудливите мечеви, но актерот Хју Грант, седнат удобно во кралската ложа, очигледно не бил толку возбуден за натпреварот.

1,575

Додека Вимблдон влегува во својата завршна фаза и ги привлекува најголемите светски ѕвезди, актерот Хју Грант стана центар на вниманието – не поради тенисот, туку бидејќи бил „уловен“ од камерите како дреме за време на тај-брејкот меѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи, објави британскиот портал Лед бајбл.

Настанот се случи на меч во кој тензијата беше на максимум, но Грант, сместен удобно во кралската ложа, очигледно не бил толку возбуден за натпреварот.






Фановите на тенисот реагираа жестоко, обвинувајќи го за непочитување, особено со оглед на тоа што влезниците за завршните фази на Вимблдон се исклучително тешки за добивање.

„Хју Грант му должи големо извинување на Коболи – заспа во најважниот момент!“, напиша еден корисник на Твитер. Други го нарекоа „расипан славеник“ кој не го заслужува местото во ложата.

Сепак, не сите беа бесни. Некои гледачи со симпатија го прифатија моментот, нарекувајќи го „најзабавното нешто што се случило на Вимблдон годинава“. „Хју Грант дреме во кралската ложа – апсолутна икона“, напиша еден фан.

Инаку, Ѓоковиќ го доби мечот со 3:1 во сетови и ќе се соочи со светскиот број еден, Јаник Синер, во утрешното полуфинале.

Интересно, кратко пред дремката, Грант бил забележан како разговара со кралицата Камила – што ги инспирираше твитерџиите да се пошегуваат дека можеби ѝ ја кажал точната оценка: „30 – Love, Actually“. За објаснување, „30 – Love“ е типичен резултат во тенис кој означува дека еден играч има 30 поени, а другиот 0 – при што терминот „love“ во тенис значи нула. „Love Actually“ е наслов на познат британски филм од 2003 година, во кој актерот Хју Грант глуми еден од главните ликови, премиерот на Велика Британија.

Поврзани содржини