ЗОШТО ИМ ДОЗВОЛУВАМЕ НА ДЕЦАТА ДА ПИЈАТ ЕНЕРГЕТСКИ ПИЈАЛАЦИ? Ако Бугарија, Летонија и Унгарија можат да забранат, зошто не и Македонија?

Една лименка може да содржи до 300 мг кофеин, што за деца е сериозна доза, особено ако се зема заедно со други производи што содржат кофеин, како чоколадо или газирани сокови. Американската педијатриска асоцијација препорачува максимум 100 мг кофеин дневно за деца од 8 до 13 години, иако најдобро е целосно да се избегнуваат стимулативни пијалаци кај оваа возраст.

248

Сè повеќе земји од Европската Унија воведуваат забрани за продажба на енергетски пијалаци на деца и млади, поради сериозните здравствени ризици што ги носат овие производи. Литванија и Летонија тоа го направија уште пред десет години. Оваа година им се приклучија и Унгарија и Бугарија.

Од друга страна, Македонија сè уште нема законска регулатива што ја ограничува нивната продажба на малолетници, иако загриженоста во јавноста расте.






Што велат бројките?

Според податоци на Европската агенција за безбедност на храна, дури 68% од младите на возраст од 10 до 18 години во Европа пијат енергетски пијалаци, а 18% од децата под 10 години исто така имаат навика да ги консумираат. Во многу случаи, овие пијалаци се мешаат со алкохол – комбинација која е особено опасна.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

 

Поврзани содржини