„ОСТРО ГО ОСУДУВАМЕ СЕКОЈ ИЗРАЗ НА ФАШИЗАМ“ Европската Комисија ги осуди усташките скандирања на концертот на Томпсон во Загреб

Земјите-членки на ЕУ се обврзани да гонат јавното одобрување, негирање или грубо тривијализирање на злосторства како што се геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, велат од Европската Комисија, во врска со скандирањето на усташкиот поздрав „За дом спремни“ на концертот.

461

Европската Комисија реагираше на скандирањето „За дом спремни“ на концертот на Марко Перковиќ Томпсон и на другата усташка симболика што беше нагласена преку песни и знаци од страна на некои од посетителите на концертот во петокот и во саботата во Загреб.

„Остро го осудуваме секој израз на фашизам што нè потсетува на најтемните периоди од европската историја“, изјавиле претставници Европската Комисија на прашање на хрваткиот медиум Индекс.






Медиумот прашал за став во врска со скандирањето на концертот, како и за изјавите на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој го бранеше оригиналниот усташки поздрав „За дом спремни“ по концертот, велејќи дека тој е „составен дел од репертоарот на Томпсон“ и дека „сите мора да бидеме горди на концертот“.

„На ниво на ЕУ, постои Рамковна одлука за борба против расизмот и ксенофобијата, која ги обврзува земјите-членки да го криминализираат говорот на омраза. Ова вклучува јавно поттикнување насилство или омраза кон поединци или групи врз основа на раса, боја на кожа, религија, потекло или национално или етничко потекло“, одговориле од Комисијата.

Земјите-членки се исто така обврзани да гонат јавното одобрување, негирање или грубо тривијализирање на злосторства како што се геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, додале оттаму.

„Националните власти се одговорни за секој поединечен извештај за говор на омраза или злосторство од омраза и се обврзани да дејствуваат во согласност со националното законодавство што ја транспонирало оваа Рамковна одлука“, изјавил портпаролот на Европската Комисија.

Поврзани содржини