СЕ ОБИДУВАЛЕ 18 ГОДИНИ, СЕГА ЧЕКААТ БЕБЕ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Таму кадешто ембриолозите барале со денови – ВИ нашла три скриени клетки

Постојат реченици кои се кажуваат тивко со години, без надеж дека некој ќе знае колку многу ги боли: „Сè уште ништо… се обидуваме.“ Постојат парови кои ги бројат своите плодни денови со месеци, година по година одат на прегледи, процедури, терапии – и се враќаат дома со празни раце, но со срце полно со надеж кое сè уште чека. Ова е приказна за еден таков пар

246

Години надеж, разочарување, тишина и нови обиди. Поминале осумнаесет години откако првпат рекле: „Би сакале да имаме дете.“ Оттогаш – бројни клиники, безброј тестови, хормонски терапии, ин витро оплодување и експерти кои се обидувале да ја пронајдат причината и да понудат решение. Но, секое откритие, секој обид и секоја надеж биле прекинати од истата дијагноза – азооспермија.

Машка неплодност и азооспермија






Азооспермијата е една од најтешките состојби кога станува збор за машка неплодност. Тоа не значи само дека бројот на сперматозоиди е низок – тоа значи дека ги нема воопшто во примерокот од сперма. Нема. Ниту под микроскоп, ниту по часови пребарување. Сепак, научниците од Универзитетот Колумбија решиле да бараат она што човечкото око не може да го види. И успеале.

Двојка која речиси ја изгубила сета надеж сега го очекува своето прво бебе. Крајниот рок е во декември.

– Немавме големи надежи. Сакавме само да пробаме уште еднаш, без надеж, без планови. Кога ми кажаа дека сум бремена – ми требаа два дена за да поверувам. Сè уште се прашувам секое утро дали е ова вистина – вели жената во својата исповед за CNN.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини