СДСМ НУДИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ КОИ ВЕЌЕ ИЗГУБИЛЕ НА ИЗБОРИ Не постои друга партија што толку форсира губитници

Очигледно е дека во СДСМ нема буквално никакви критериуми и партијата смета дека локалната власт е прибежиште за неуспешни поединци, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

382

СДСМ нуди кадри кои веќе еднаш претходно се одбиени од граѓаните на избори или не живеат во општините за кои се кандидирани за градоначалници. Не постои друга партија која е толку упорна како СДСМ да ги награди најнеспособните кадри, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо нови кадри со некаква визија или интегритет, СДС повторно кандидира лица кои веќе еднаш се одбиени од граѓаните. Кандидати за градоначалници како Дарко Блажевски, кој е поранешен градоначалник на општина Јегуновце. Блажевски е повторно во игра, иако е единствениот човек кој некогаш затворил јавно претпријатие. Блажевски на граѓаните на општина Јегуновце им ветуваше културен дом, проект од 50.000 евра, за на крај самиот да си го откупи тој културен дом. Човекот кој приватизира простор што припаѓал на граѓаните, СДСМ сега го нагрдува со кандидатура“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Вакви се стандардите на СДСМ и јасно е зошто ја имаат изгубено довербата од граѓаните, се додава во соопштението.

„Слична е ситуацијата со Ѕвонко Васев. Човек кој со години не живее во општина Сопиште, не знае што се случува таму, не се среќава со граѓаните на таа општина. Васев нема никаква претстава за потребите на граѓаните во општина Сопиште и нема контакт со нивното секојдневие. Очигледно е дека во СДСМ нема буквално никакви критериуми. Според ова, СДСМ смета дека локалната власт е прибежиште за неуспешни поединци. СДСМ не само што нема кадри, туку веќе нема ни срам“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини