ЗОШТО Е ДОБРО ДА СЕ ЈАДАТ НАМАЗИ ОД ЈАТКИ? Путер од кикиритки или некој друг – еве што е заедничко за сите

Намазите направени од јаткасти плодови содржат протеини со растително потекло, здрави масти, прехранбени влакна, витамини, минерали и фитохемикалии.

115

При спомнувањето на путер од јаткасти плодови прво ни паѓа на памет путерот од кикиритки. Го сакаме намачкан на леб, во утринското смути и во здравите десерти.

Но освен од кикиритки, путер, односно, намаз, може да се направи од кој било јаткаст плод. Па така се прават намази од бадеми, индиски ореви, лешници, па дури и од семки од сончоглед или од сусам.






Намазите направени од јаткасти плодови содржат протеини со растително потекло, здрави масти, прехранбени влакна, витамини, минерали и фитохемикалии. Нутритивната вредност на одделен вид на намаз зависи од видот на јаткастиот плод од кој е направен, но за сите можеме да кажеме дека содржат квалитетни незаситени масти чија консумација се доведува во врска со намалувањето на холестеролот и здравјето на срцето и крвните жили.

Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Поврзани содржини