ТАБАНОВЦЕ ЗАГЛАВЕНО, НА ДРУГИТЕ ПРЕМИНИ МИРНО За влез и излез во Србија се чека и по 30 минути
АМСМ со апел за внимателно возење низ клисурите и долините – можни одрони на неколку делници.
Граничниот премин Табановце утрово е најоптоварен во земјава, со зголемена фреквенција на возила и време на чекање за влез во Македонија од 15 до 30 минути, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Од другите гранични премини, нема евидентирани подолги задржувања, ниту за влез, ниту за излез од државата.
Во однос на состојбата на патиштата, АМСМ соопшти дека сообраќајот се одвива непречено на сите државни патишта, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај е умерен, особено на патиштата надвор од урбаните средини.
„Препорачуваме прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и зголемена внимателност, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони“, велат од АМСМ.
Како ризични делници се издвојуваат: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од АМСМ апелираат возачите да патуваат подготвено, со редовно проверена техничка исправност на возилото, доволно течности за разладување, како и со резервна опрема, особено доколку се патува во планински или рурални предели.