М-КАРТА И М-ТАГ НАСКОРО ЌЕ СЕ КУПУВААТ ВО МАЛОПРОДАЖНИ ОБЈЕКТИ Државни патишта за половина година собра 30 милиони евра од патарини

Директорот на Државни патишта најавува дека повикот за избор на правни лица кои се овластени за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (таг), како  ќе се изврши веднаш по стапувањето во сила на измените на Законот за јавните патишта.

264

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 30,89 милиони евра или за 1,26 милиони евра повеќе од  истиот период лани. Евидентираниот раст на електронската наплата се очекува да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава, за што Јавното претпријатие за држави патишта наскоро ќе објави повик за избор на оператор. Во системот Отворен Балкан досега се регистрирани 5.077 македонски тагови и 8.500 српски тагови.

– ЈПДП  бележи континуиран раст на приходите од наплата на патарина. Од почетокот на 2025 година до денес вкупниот приход за првото полугодие е 1.900.255.930 денари или во споредба со истиот период во 2024 година е повеќе за 78.000.000денари. Што се однесува  до начинот на плаќање во сериозен раст е употребата на ЕНП електронска наплата на патарина, и ова укажува на тренд на зголемна дигитализација и побрз проток на сообраќај на патарините, изјави за МИА Коце Трајановски, директор на ЈПДП.






Наплатата е 99,6%, што, потенцира Трајановски, значи се намалува и процентот на таканаречените „неплаќачи“.

Собранието минатата недела изгласа измени на Законот за јавни патишта со кои се создаде правна основа за објава на повик за избор на оператор за поставување малопродажна мрежа низ државата за надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг. Тоа досега можеше да се прави само во просториите на ЈПДП. Целта е лесна достапност на уредите за  електронска напката со оглед на придобивките од наплаќање на патарините со  таг, што се покажа  како начин успешен начин на наплата  согласно Договорот Open Balkan.

Според Трајановски, искуствата во другите држави покажуваат дека електронските уреди за наплата на патарина станале подостапни до корисниците на автопатот, а бројот на корисниците се зголемил повеќекратно.

Тој најавува дека повикот за избор на правни лица кои се овластени за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (таг), како  ќе се изврши веднаш по стапувањето во сила на измените на Законот за јавните патишта.

– Придобивки од сето ова би биле намалување на времето на чекање, односно забрзување на протокот на сообраќај на наплатните станици, зголемување на ефикасноста на наплатните станици, зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на злоупотребите и зголемување на задоволството на корисниците, односно граѓаните – вели Трајановски,

Тој уверува дека наплатните капацитети се подготвени за летната сезона и се работи на олеснување на протокот на сообраќајот.

– Да, наплатните капацитети се подготвени, согласно со динамиката на зголемување на собраќајот по автопатиштата, така и ние се адаптираме на условите. Сообраќајот како  жива материја е секогаш со осцилации, но во постојан пораст. Поради тоа се ангажирани повеќе капацитети за да се справиме со потенцијалните гужви и да го олесниме нормално движење долж коридорите, вели Трајановски.

Заедничкиот интегриран електронски систем за патарини во рамки на иницијатвата „Отворен Балкан“ истакнува дела покажува  добри резултати. Регистрирани се 5077 македонски тагови во системот Отворен Балкан,  како и 8500 српски тагови.

– Секако дека логирањето на системот кое е обврска на корисникот на микробрановиот транспордер (ТАГ) е со одредена процедура, но ги покажува вистинските придобивки и резултати, велат од ЈПДП.

Од Јавното претпријатие за државни патишта споделуваат и дека е во тек подготовка за изработка на проектна документација за затворен систем за електронска наплата на патарина на Коридор 8.

Во однос на модернизирањето на наплатните станици и на процесот на наплата на Коридорот 8 веќе се изработува документација за реконструкција на наплатната станица Миладиновци за поставување електронски систем за наплата.

Електронски систем за наплата на патарините во државава е воведен од јули 2019 година на наплатните станици Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на Петровец. На Коридорот 8 наплатната станица Глумово профункционира како целосно електронска на 4 април минатата година, а  Желино, се трансформираше во електронскиот систем еден месец подоцна.

 

Поврзани содржини