КОШАРКАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ДОБИ МОЌЕН ПАРТНЕР Видеолотарија стана главен сојузник на македонските кошаркари
Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томе Главчев, ја изрази својата благодарност кон компанијата, потенцирајќи дека Видеолотарија Касинос Австрија е меѓу првите кои веднаш се одзвале на нивниот повик за поддршка.
Под мотото „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија повторно ја покажува својата поддршка за спортот во Македонија, овојпат ставајќи се на страната на македонската кошаркарска репрезентација како официјален спонзор.
Во просториите на компанијата денес беше потпишан нов спонзорски договор со Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), со што официјално започнува ново партнерство, насочено кон унапредување на кошарката и поддршка на националниот спортски дух.
– Соработката со КФСМ е континуитет на нашата заложба за унапредување на спортот во Македонија. Веруваме дека со здружени сили – играчи, навивачи, институции и компании – можеме да стигнеме до победа – истакнаа од Видеолотарија Касинос Австрија по потпишувањето на договорот.
Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томе Главчев, ја изрази својата благодарност кон компанијата, потенцирајќи дека Видеолотарија Касинос Австрија е меѓу првите кои веднаш се одзвале на нивниот повик за поддршка.
– Ова е значајна поддршка не само за федерацијата, туку и за сите кошаркарски категории од младински, до сениорски. Благодарност до Видеолотарија што верува во нашата визија – изјави Главчев.
Потпретседателот на федерацијата, Младен Ѓуроски, исто така упати благодарност до компанијата, истакнувајќи ја важноста на вакви партнерства за развојот на македонската кошарка и спортот воопшто.
Пред медиумите тој го претстави новиот дрес на репрезентацијата со аплицирано лого на Видеолотарија Касинос Австрија.
Од компанијата најавија дека со гордост и задоволство ќе бидат дел од натпреварите на федерацијата, навивајќи заедно со сите кои веруваат во црвено-жолтите.
– Натпреварите за нас се шанса да се покаже тимскиот дух и борбеност, а за нас како општествено одговорна компанија и нова можност да ја докажеме нашата поддршка и верба во кошаркарските успеси – велат од Видеолотарија.