ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ИМ ГИ ОДЗЕДЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА Околу 9.000 работници ќе мора да заминат од „Мајкрософт“

„Мајкрософт“ е компанијата која е една од најнапредните во примена на ВИ. Компанијата во април соопшти дека од 20 до 30% од внатрешното програмирање е направено со употреба на ВИ.

70

„Мајкрософт“ (Microsoft) најави дека ќе отпушти уште неколку илјади вработени, откако во мај подели откази на 3% од вработените на сите нивоа и географски подрачја. Компанијата најави и намалување на одредени хиерархиски нивоа.

„Тоа ќе биде помалку од 4% од работната сила односно отказ ќе добијат околу 9.000 вработени. Продолжуваме да ги спроведуваме организациските промени потребни за поволно позиционирање на компанијата и нејзините тимови во променливата пазарна средина“, се наведува во соопштението на „Мајкрософт“.






Намалувањето на бројот на вработени најверојатно е предизвикано од примената на вештачката интелигенција (ВИ).

„Мајкрософт“ е компанијата која е една од најнапредните во примена на ВИ. Компанијата во април соопшти дека од 20 до 30% од внатрешното програмирање е направено со употреба на ВИ.

Во компанијата работат  228.000 луѓе.

Поврзани содржини