КИНЕСКИ ЧАЈ ПРОТИВ ХОЛЕСТЕРОЛ, ЗА ИМУНИТЕТ, ВАРЕЊЕ… Дали веќе сте го пробале магичниот чај пу-ер?

Ефектите на чајот пу-ер во ублажувањето на разни здравствени проблеми се познати со векови. Истражувањата потврдуваат дека го намалува нивото на холестерол во крвта, го подобрува варењето, го зајакнува имунитетот…Колку е постар, толку е подобар, а оние чаеви пу-ер што ќе доживеат сто години се сметаат за вистински колекционерски примероци!

54

Дали сакате да пиете чај? Дали ги сакате тие моменти на мир кога седнувате со шолја чај во рака и едноставно уживате во него?

Ако одговоривте со „да“, тогаш веројатно сте пробале разни видови чаеви, но можеби сте пропуштиле еден.






Дали веќе сте го пробале магичниот чај пу-ер?

Овој чај, кој неодамна се појави на западниот пазар, е прогласен за едно од големите богатства на Кина и секој што го пробал се согласува дека го добил ова признание со причина.

Се вели дека неговиот вкус е различен од кој било друг чај во светот. Треба да го пробате само еднаш за целосно да се вљубите во него.

Само оној што доаѓа од кинеската покраина Јунан, која е прогласена и за чаен регион, се смета за вистински пу-ер чај (или пу’ер).

Листовите на овој чај растат и се добиваат од стари чајни дрвја што растат покрај реката Ланканг, а секое одгледувалиште создава посебен вид листови.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини