📽️ „ЌЕ ПУМПАМ ПО СЕКОЈ НАТПРЕВАР НА ВИМБЛДОН“ Ноле го објасни гестот за кој зборуваат сите во Србија

Тенисерот ја прослави првата победа со кореографија инспирирана од студентските протести во Србија, но истакна дека е приватен момент со неговите деца.

1,632

Новак Ѓоковиќ, по триумфот на Вимблдон 2025, направи карактеристична „пумпа“ на теренот, кореографија што предизвика бројни толкувања. Иако јавноста ја поврза со поддршка на студентскиот отпор во Србија, Ѓоковиќ дипломатски објасни дека овој гест е приватен момент со неговите деца.

– Тоа е нешто помеѓу мене и моите деца. Имаме две песни што ги слушаме последно време, и разговаравме дека оваа кореографија е совршена за прослава на победа на Вимблдон. Паралелата е симболична – рече Ѓоковиќ со насмевка.






Тој откри и кои песни го инспирирале: „Pump It Up“, еден странски денс хит, и „Баци све са себе“, каде се пее: „пумпај, пумпај, зашто си стао“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wimbledon (@wimbledon)

Гестот на Ѓоковиќ дојде во контекст на студентските протести во Србија, каде зборот „пумпај“ се разви од шега во силен симбол на отпор и надеж. Станува збор за израз кој се употребува како гест на енергија, борба и непочитување кон статус кво состојбата.

„Пумпај“ го прегрнаа различни групи – студенти, пензионери, наставници, но и сите кои се чувствуваат угнетени. Изразот, кој по природа е спонтан и саркастичен, стана својствен на протестите, маршевите и блокадите, симболизирајќи отпор без директна реторика.

Дали „пумпај“ е само моментален тренд или нешто подлабоко? Судбината на протестите во Белград говори дека оваа фраза е многу повеќе од збор – тоа е симбол на генерацискиот бунт и енергија.

Поврзани содржини