МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ГРАНТ ОД ЕУ ЗА ИЗГРАДБА НА ТУНЕЛОТ КОН БУГАРИЈА Задоволен е од меѓувладините разговори за пругата

Премиерот очекува веќе следната недела, во Брисел на техничко експертско ниво да се разговара за деталите.

165

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок за доизградбата на Коридорот 8, а кој е постигнат меѓу Скопје и Софија. Посочи дека така треба соседите да градат доверба.

– Што се однесува до Коридорот 8, јас се радувам и би рекол аплаудирам на постигнатиот напредок, којшто го имаа на состанокот потпретседателот на Влада и министер за транспорт, (Александар) Николоски, со неговиот колега од бугарската Влада. Тоа е чекор напред. Така треба да градат доверба соседи, заеднички да реализираат проекти, да ги надминуваат потенцијалните предизвици. Мислам дека е огромна порака – вели Мицкоски.






Тој очекува веќе следната недела, во Брисел на техничко експертско ниво да се разговара за деталите и како што рече „очекуваме тука исто така да излезе во пресрет и самата ЕУ, и тој тунел којшто претставуваше пречка, да го финансира преку грант“.

Прашан и за понудите за изградба на Коридорот 10, Мицкоски одговори дека до 7 јули се очекува да пристигнат понуди од финансиски институции.

– Сега не би коментирал дали има пристигнато, да почекаме, недела дена се во прашање, не е премногу – подвлече Мицкоски.

Поврзани содржини