ПЕРИОДОТ НА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА Е ЗАВРШЕН Мицкоски вели дека економијата почнува да расте
Во вториот квартал индикаторите покажуваат дека индустриското производство расте, туризмот расте, како и инвестициите.
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од статистичките показатели за економските движења во земјава.
-Да, исклучително сме задоволни, бидејќи индикаторите, посебно во вториот квартал, почнуваат конечно да покажуваат раст. Значи оној период на стабилизација на македонската економија, сега е проследен со раст.
Раст од 9,4% речиси двоцифрен раст на индустриското производство во мај, споредено со мај минатата година и раст на 9% на преработувачката индустрија во мај, е нешто коешто навистина за нас е многу значајно. Исто така, можам да кажам дека ако се земе периодот од почетокот на годината заклучно со мај месец, значи првите 5 месеци споредено со истиот период лани, растот е над 3, мислам дека е 3,3%, а кај преработувачката индустрија 4,5% – рече Мицкоски.
Тој рече и дека периодот на консолидирање и стабилизација е завршен.
– Сега почнуваме преку овие индикатори да генерираме раст. Туризмот расте со повеќе од 20% и расте индустриското производство, растат инвестициите и така натаму. Ценам дека вториот квартал, би требало да имаме исклучително висок раст на македонската економија – рече Мицкоски.