ПАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО АЕРОДРОМ Општината доделува 3.500 денари еднократна помош
Општина Аеродром повторно ќе ги поддржи родителите на првачиња со финансиска помош, аплицирањето почнува денес.
Сите родители чии деца годинава ќе го започнат првото одделение во некое од основните училишта на територијата на Општина Аеродром, ќе можат да добијат еднократна парична помош во висина од 3.500 денари.
Како што соопштија од Општина Аеродром, рокот за пријавување е од 2 јули до 30 септември 2025 година. Сите заинтересирани треба да поднесат потврда за запишано дете во прво одделение, фотокопија од извод од матична книга на родените, како и лична карта или пасош на барателот на увид.
– Со оваа мерка, сакаме да им помогнеме на родителите во еден важен период за секое дете – неговото прво школо. Истовремено, ова е и порака дека инвестираме во образованието и во иднината на нашите најмлади жители – изјавија од Општина Аеродром.
Образецот за пријава и изјавата за согласност за обработка на лични податоци се достапни на веб-страницата на Општината.
Поддршката ќе се однесува на деца запишани во прво одделение во учебната 2025/2026 година во основни училишта на територијата на Општина Аеродром, како и во основни училишта со ресурсен центар, доколку се жители на општината.