ХАОС ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА Маж нападнал полицајци додека давале асистенција на лекари

27-годишен битолчанец кренал рака на полицајци, веднаш бил приведен.

1,291

Непријатен инцидент се случил вчера во Клиничката болница во Битола, кога 27-годишен маж физички нападнал полициски службеници додека тие давале асистенција на екипа од Итната медицинска помош.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 29 јуни 2025 година, околу 17:35 часот, додека полициски службеници од СВР Битола вршеле службена асистенција на медицинскиот персонал, биле физички нападнати од лицето Д.К. (27) од Битола. Нападот се случил во просториите на Клиничката болница Битола.






– Од страна на полициски службеници, веднаш беше преземена акција за совладување на напаѓачот, кој беше лишен од слобода. За настанот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – информираат од СВР Битола.

Поврзани содржини