МНР ПОТВРДИ ЗА ЗАГИНУВАЊЕТО НА 9-ГОДИШНАТА АДНА Конзулатот во Венеција работи на враќање на телото во Македонија

Италија вчера беше потресена од трагичен настан што се случил околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо. Деветгодишно девојче по име Адна Ислам, ќерка на Ихмет и Наила, се удавило додека било на излет со семејството.

377

Министерството за надворешни работи преку соопштение информираше дека до Конзулатот во Венеција е доставено известување за трагичен настан во кој животот го загубило деветгодишно девојче со македонско потекло.

– Ве информираме дека до македонскиот Конзулат во Венеција е доставено известување за трагичен настан што се случил на 29 јуни, во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, покрај брегот на реката Пјаве, при што животот го загубило деветгодишно девојче, по потекло од Македонија – велат од МНР.






Од министерството посочуваат дека Конзулатот е во постојана комуникација со семејството на починатото девојче, со цел навремено завршување на сите административни постапки за транспорт на посмртните останки во земјава.

– Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни постапки за транспорт на посмртните останки во Македонија – додаваат од МНР.

Страшна трагедија во Италија – деветгодишната Адна Ислам ја однела реката

Италија вчера беше потресена од трагичен настан што се случил околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо. Деветгодишно девојче по име Адна Ислам, ќерка на Ихмет и Наила, се удавило додека било на излет со семејството.

Семејството Ислам живеело во Кавасо дел Томба, а во моментот на несреќата биле на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве, заедно со помалите брат и сестра на девојчето.

Според извештаите на италијанските медиуми, малата Адна си играла на камењата покрај реката со други девојчиња, кога во еден момент се лизнала и паднала во водата. Била повлечена од силната струја и веднаш исчезнала.

По повикот за помош, на местото веднаш пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачи од италијанската противпожарна бригада. По повеќечасовна потрага, нуркачите го пронашле телото на девојчето заробено меѓу камења.

Општинските власти во регионот, како и градоначалникот и неговата заменичка, изразиле длабоко сочувство и подготвеност да му помогнат на семејството на секој можен начин.

📽️ СЕ УДАВИ 9-ГОДИШНO ДЕВОЈЧЕ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО Трагедија во Италија, телото на Адна пронајдено меѓу камења

Поврзани содржини