СРБИН УДРИЛ ВО ДИВА СВИЊА НА АВТОПАТОТ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Не очекувал дека толкаво животно ќе му го попречи патот
Според возачот, свињата имала околу 50 килограми, а ја удрил на дел од патот каде, како што вели, немало заштитни огради за да се спречат животните да влезат на коловозот.
Србин кој патувал кон Грција удрил дива свиња на автопат во Македонија. Инцидентот се случил ноќе, во близина на Демир Капија.
Според возачот, свињата имала околу 50 килограми, а ја удрил на дел од патот каде, како што вели, немало заштитни огради за да се спречат животните да влезат на коловозот.
Телеграф објави дека во моментот на судирот, дивата свиња одеднаш истрчала на патот, и било невозможно да се избегне.
„Не можев ни да замислам дека дива свиња од таков калибар ќе истрча пред мојот автомобил. Видов многу згмечени ежови и помали животни, но нешто вакво… ме изненади“, објавил возачот во објава на Фејсбук страницата Grčka Info.