СКОПСКИОТ АКВАПАРК И ОВА ЛЕТО СКАПУВА ПОД ЖЕШКОТО СОНЦЕ Се бара чаре за враќање на детскиот џагор

Од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ посочуваат дека скопскиот аквапарк бил занемарен во поглед на одржување, што довело до значителни оштетувања на самите базени и на пумпите што ги движат водата и хемикалиите низ системот.

1,203

Скопскиот аквапарк кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ останува затворен и ова лето, откако 2 години не е во функција.

Причината, како што објаснуваат од Центарот за Плусинфо, е несоодветното одржување во изминатиот период, поради што настанале сериозни оштетувања – како во базените, така и во пумпите што ги циркулираат водата и хемикалиите низ целиот систем.






Иако дел од реквизитите, како тобоганите, се во добра состојба ама проблемот е во тоа што нивните гаранции се истечени, па без обновени безбедносни сертификати не можат да се користат. Во моментов се изработува проценка на состојбата и вредноста на аквапаркот, која ќе послужи како основа за одлуката околу неговото понатамошно управување.

Од СЦ „Борис Трајковски“ велат дека се разгледуваат две можности: повторно ставaње под управување на Спортскиот центар или давање под концесија на приватен оператор кој би ја презел санацијата и обезбедувањето на потребните сертификати.

Оттаму појаснуваат дека не е потребна целосна реконструкција, туку насочени градежни и технички зафати.

Аквапаркот беше отворен во 2015 година и содржи 10 тобогани, базени за деца и возрасни, мрзлива река, бранови, кафе-барови, соблекувални и административна зграда со ресторан. Неговото затворање и запуштање го прават уште еден од значајните јавни објекти што чека системско решение.

Неговото затворање и запуштање го прават уште еден од значајните јавни објекти што чека системско решение.

Поврзани содржини