НАЈДЕНО ТЕЛО НА 27-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ВО ДЕБАРСКО ЕЗЕРО Нема траги од насилство

Според информациите од ОВР Дебар, телото било пронајдено на околу 2 метра од брегот на Дебарското Езеро, во близина на пумпната станица. Случајот бил пријавен како најдено тело во езерските води.

451

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро.

Според информациите од ОВР Дебар, телото било пронајдено на околу 2 метра од брегот на Дебарското Езеро, во близина на пумпната станица. Случајот бил пријавен како најдено тело во езерските води.






На терен веднаш излегле полициски службеници и јавен обвинител, кој издал наредба да се изврши увид и да се спроведе дополнителна истрага. Лекар од Општата болница во Дебар ја констатирал смртта, а при прегледот не биле забележани видливи траги од насилство.

Од ОВР Дебар информираат дека сите околности околу случајот се предмет на понатамошна истрага, а јавноста ќе биде известена по добивањето на обдукцискиот наод.

Поврзани содржини