ЗАПАДОТ НИКОГАШ НЕ УСПЕАЛ, НИТУ ЌЕ УСПЕЕ ДА ЈА ПОРАЗИ РУСИЈА Лавров обвинува дека Киев е само „овен за удар“ на непријателот на Кремљ
Сведоци сме на невидена конфронтација меѓу нашата земја и колективниот Запад, кој повторно одлучи да војува против нас и да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, во суштина користејќи го нацистичкиот режим во Киев како овен за удар. Западот никогаш не успеал во ова, а нема да успее ни овој пат, рече шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Западот никогаш не успеал и никогаш нема да успее да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на средбата со неговиот киргистански колега Јенбек Кулубаев.
– Сведоци сме на невидена конфронтација меѓу нашата земја и колективниот Запад, кој повторно одлучи да војува против нас и да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, во суштина користејќи го нацистичкиот режим во Киев како овен за удар. Западот никогаш не успеал во ова, а нема да успее ни овој пат – рече рускиот министер, според „Известија“.
Тој ја нагласи посебната важност на блиските врски со Киргистан во сите области.
Шефот на руската дипломатија истакна дека „и покрај санкциите и нелегитимниот притисок“, има зголемување на меѓусебната трговија меѓу Русија и Киргистан, а и дека соработката во хуманитарните, образовните и во другите сфери се шири, вклучително и на меѓународните платформи.