📽📷 РУСИЈА ИЗВРШИ 6 НАПАДИ СО ДРОНОВИ ВРЗ ЗАПОРОЖЈЕ Избувнаа пожари, оштетени се објекти

Русите извршија најмалку 6 напади со беспилотни летала врз регионалниот центар. Оштетени се објекти на една индустриска постројка и дел од гаражен комплекс, објави гувернерот на Запорожје, Иван Федоров.

257

Како резултат на ноќен напад со руски дронови, во Запорожје избувнале пожари и биле оштетени нестанбени објекти, пренесе денеска агенцијата Укринформ.

Гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, објави на Телеграм:






„Русите извршија најмалку 6 напади со беспилотни летала врз регионалниот центар. Оштетени се објекти на една индустриска постројка и дел од гаражен комплекс“, напиша тој.

Според Федоров, нападот предизвикал пожари.

За среќа, додаде тој, нема повредени лица.

Како што претходно објави Укринформ, противвоздушната одбрана била активна во текот на нападот со дронови врз Запорожје.

Поврзани содржини