ИЗГОРЕ СТАН ВО ДЕЛЧЕВО Едно лице е пренесено во болница

Пожарот целосно е изгаснат во 01.30 часот.

317

Во пожар што избувна  околу 00.20 часот во зграда „Брод“ во Делчево, целосно изгоре еден стан. Во настанот нема повредени, но едно лице е пренесено во Општата болница во Делчево.

На местото на настанот интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и припадници на полицијата.






Според информации од ТППЕ Делчево, пожарот целосно е изгаснат во 01.30 часот.

 

Поврзани содржини