ЗА 2% ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА Еве колку ќе чинат од полноќ
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 6,182%, кај дизелот за 2,172%, кај екстра лесното масло за 6,442% и кај мазутот зголемувањето е за 2,609%.
Од полноќ малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 1,50 денари по литар, на дизелот за 1 денар, а на нафтата за домаќинства за 2 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Така од полноќ цената на бензинот „еуросупер – 95 “ќе изнесува 77,50 сенари по литар, на „еуросупер – 98 “ 79,50 денари, а на дизелот 73,00 денари. Маслото за горење ќе чини 72,00 денари, а мазутот 41,687 денари по килограм.
Според РКЕ, просечното зголемување а цената на горивата, според последната пресметка е 2%.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 6,182%, кај дизелот за 2,172%, кај екстра лесното масло за 6,442% и кај мазутот зголемувањето е за 2,609%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1578%.