СТАБИЛИЗИРАНА ЕКОНОМИЈА, ПОВИСОКИ ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ИНВЕСТИЦИИ Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ

Освен средувањето на пустошот којшто го остави СДСМ, во првата година од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, инфраструктурно се градеше и се развиваше Македонија, соопшти партијата.

171

Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, една година посветена работа во интерес на државата и граѓаните – година на големи предизвици, со наследена економија фрлена на колена, држава на раб на банкрот, уништени институции, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Не беше лесно, но со посветена и макотрпна работа, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи кога приоритет ти се државата и граѓаните. Прво што се направи, се запре слободниот пад на економија и со добро осмислени мерки и политики, за три последователни квартали забележуваме раст на БДП од 3%. Со цел поддршка и поттикнување инвестициски циклус, како и реализација на капитални проекти, на располагање на стопанството и општините се ставија 500 милиони евра. Минатата 2024 година заврши со историски највисок износ на странски директни инвестиции од милијарда и 255 милиони евра“, се вели во соопштението.






Се преземаа конкретни мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните и за најсуштинските сектори во државата како здравство, образование, безбедност, се додава во соопштението.

„Пензиите се зголемија за 5.000 денари линеарно за сите пензионери, а 10 проценти покачување на платите добија вработените безбедносниот сектор. Се постигна историски договор со синдикатите во здравството и во образованието, така што за прв пат раст на платите добија сите вработени во јавно здравствените и образовни установи. Досега, платите во образованието се зголемени за 12 проценти, а до крајот на мандатот предвидено е да пораснат до 46%, додека во здравство досега платите на сите вработени се зголемени за 15 проценти а до крај на мандатот истите ќе пораснат за над 40%“, соопши ВМРО-ДПМНЕ.

После долги години, додава партијата, се прошири позитивната листа на лекови, а матичните лекари и гинеколози добија покачување на капитациониот бод од 33%, односно од 75 на 100 денари, а стоматолозите добија покачување од 23 проценти, од 61 на 75 денари.

„Не изостана ниту посветеноста за развој на земјоделието, така што земјоделците имаат партнер во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, при што следи редовна и навремена исплата на субвенциите на земјоделците. Досега се исплатени рекордни 9 милијарди денари“, соопшти ВМРИ-ДПМНЕ.

Освен средувањето на пустошот којшто го остави СДСМ, се додава, првата година од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, инфраструктурно се градеше и се развиваше Македонија. Во употреба се пуштија два експресни пата, Страцин-Крива Паланка и Градско-Дреново, како и голем број регионални патишта.

„Интензивно се работи и на изградба на автопатите кои се дел од Коридорот 8 и Коридорот 10Д, како и на автопатот Кичево- Охрид, од кој во употреба се пушти и првата делница од Подмоље до македонскиот туристички центар. Не изостана ниту железничкиот сообраќај, така што во употреба се пушти пругата Куманово-Бељаковце во должина од 31 километар, а интензивно се работи и на втората делница до Крива Паланка. Дополнително, со помош на историскиот стратешки Договор со Обединетото Кралство, ќе се гради и брзата товарна и патничка пруга од Табановце до Гевгелија, што Македонија ќе ја поврзе со Србија и со Грција. Стратешкиот договор со ОК ја потврдува и дипломатската посветеност на Владата, Македонија да ја позиционира на европската и меѓународна сцена како сигурен и доверлив партнер. Овој договор, освен што отвара инвестициски циклус од 6 милијарди евра, тој претставува и дипломатска победа за државата, затоа што покрај со САД, Македонија станува стратешки партнер и со втората најмоќна држава во светот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини