„ТРАМП ЈА ПРОМЕНИ ИСТОРИЈАТА“ Нетанјаху во екстаза по нападот на САД врз Иран

Израелскиот премиер посочи дека САД „вечерва дејствуваа со голема сила“, нарекувајќи ја акцијата неспоредлива, а Трамп – лидер што се спротивставил на „најопасниот режим во светот со најопасното оружје“.

1,803

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со аплауз ја дочека американската воена офанзива врз иранските нуклеарни постројки, нарекувајќи ја „храбра одлука“ и „пресвртница во историјата на регионот“.

– Честитки, претседателе Трамп. Вашата смела одлука да ги нападнете иранските нуклеарни објекти со импозантната и праведна моќ на САД ќе ја промени историјата – изјави Нетанјаху.






Израелскиот премиер посочи дека САД „вечерва дејствуваа со голема сила“, нарекувајќи ја акцијата неспоредлива, а Трамп – лидер што се спротивставил на „најопасниот режим во светот со најопасното оружје“.

– Прво доаѓа сила, потоа мир. И вечерва претседателот Трамп и САД дејствуваа со голема сила – додаде Нетанјаху, алудирајќи на својата позната фраза „Мир преку сила“.

Порака со сличен тон објави и израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон, кој напиша на платформата „X“: „Претседателот Трамп докажа дека ‘Никогаш повеќе’ не е само слоган – тоа е политика“.

Поврзани содржини