ФОТОВОЛТАИЦИ ЗА 50 УЧИЛИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА Со грант од 1,1 милион евра МОН ќе заштеди за енергија, а ќе троши за дигитални помагала за учениците

Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и во дигитални помагала за учениците, соопшти Владата.

293

Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија – за таа цел на 50-тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период, соопшти извршната власт.

„Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливо извори за енергија. Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и во дигитални помагала за учениците. Преку инвестирање во обновливите извори на енергија ќе ги намалиме финансиските трошоци, но и ќе придонесеме за намалување на загаденоста на животната средина“, соопшти Владата.






Владата има визија, план и цел за подобрување на образовниот процес, се додава во соопштението.

„Преку квалитетно реформирано образование и преку реализација на проекти ќе го подобриме образовниот систем. Државата е на патот на промените“, се вели во соопштението на Владата.

Поврзани содржини