ОД БОНБОНИ И ЛИЖАВЧИЊА ДО РАЗВОЈНИ ПРОБЛЕМИ Храната со вештачки бои се поврзува дури и со оштетување на имунитетот кај децата

Омилените слатки како бонбони „Харибо“ и лижавчиња „Чупа чупс“ често содржат вештачки бои кои се поврзуваат со хиперактивност, проблеми со вниманието и други невролошки нарушувања кај децата.

77

Иако во Европската Унија се веќе забранети голем број контроверзни адитиви, многу производи со вештачки бои сѐ уште можат да се најдат на полиците, особено оние увезени од САД или други земји.

Многу истражувања ги поврзуваат боите Црвена 40, Жолта 5 и Сина 1 со хиперактивност, нарушување на вниманието, а при поголеми дози дури и со оштетување на имунитетот и развојни проблеми кај децата.






Што се менува во САД, а што е веќе забрането во ЕУ?

Во Америка е најавена постепена забрана на синтетички бои добиени од нафта, нешто што ЕУ веќе го применува. На пример, титаниум диоксидот е веќе забранет во ЕУ, додека во САД сè уште се користи. Поради тоа, истата марка бонбони во ЕУ има поинаков, побезбеден состав.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини