ПОВЕЌЕ ОД 56% ОД ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА СЕ ВРАТИЛЕ НА РАБОТА Ќе се изненадите во кои земји процентот е највисок

Повеќе од половина (57 %) од вработените пензионери во ЕУ биле вработени со скратено работно време. Оваа стапка била многу повисока отколку кај другите вработени (16,2).

156

Во Европската Унија, 56,4 % од самовработените во 2023 година продолжиле да работат дури и по добивањето на првата пензија, објави денес Евростат.

Службата за статистика на ЕУ наведува дека меѓу земјите од Европската Унија, процентот на самовработени пензионери кои продолжиле да работат или повторно се приклучиле на пазарот на трудот бил највисок во Шведска (98,4 %), Финска (88%) и Ирска (87,7%).






Од друга страна, најмал удел имало во Шпанија (18,2%), Грција (20,3) и Словенија (40,4%).

Повеќе од половина (57 %) од вработените пензионери во ЕУ биле вработени со скратено работно време. Оваа стапка била многу повисока отколку кај другите вработени (16,2).

Поврзани содржини