СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ СВЕТА ГОРА Се стресе Халкидики, но и југот во Македонија

Земјотресот е со епицентар 290 километри југоисточно од Скопје.

595

Во морскиот дел на девет километри северозападно од Кариес на Света Гора на третиот крак на Халкидики, кусо пред 16 часот по локално време беше регистриран земјотрес со јачина од 5,3 степени, по кој следуваа серија земјотреси со помал интензитет.

Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.






Силниот земјотрес го потресе целиот регион  Халкидики каде има илјадници туристи кои се во паника да не следуваат нови удари, а се почувствуваи во Солун.

Земјотресот бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и на Тасос.

И телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска (7 јуни) регистрираа серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од соседна Грција.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML5.2. Земјотресот беше почувствуван во југоисточниот дел на земјата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, се наведува во соопштението.

 

Поврзани содржини