„ОВА Е ПОБЕДА ЗА ЦЕЛА НАЦИЈА“ Алкалоид не крие емоции по одлуката на ЕХФ, трофејот пристигнува во Скопје
Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука да го регистрира откажаниот реванш-меч против АЕК Атина со службен резултат од 10:0 во корист на македонскиот тим.
Ракометниот клуб Алкалоид официјално е новиот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука да го регистрира откажаниот реванш-меч против АЕК Атина со службен резултат од 10:0 во корист на македонскиот тим.
Од РК Алкалоид велат дека оваа победа има далекусежно значење, не само за клубот, туку и за целиот македонски ракомет.
„Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет! По победата во Атина, противникот одби да дојде на реванш во Скопје. ЕХФ ја регистрира победата со 10:0 и 2:0 поени. Трофејот заслужено ќе биде во нашите витрини! Честитки до нашите херои на теренот!“, се наведува во соопштението од клубот.
АЛКАЛОИД Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН Грчки АЕК загуби службено со 10:0, одлучи ЕХФ