„ГИ ФРЛИВМЕ ПАРИТЕ ЗА ЗВЕЗДА, ШТО ДОБИВМЕ?“ Вучиќ е разочаран од елиминацијата на тимот во АБА лигата
Звезда има трипати поголем буџет од Будуќност. Шест до седум пати повеќе добила пари од државата. И што добивме?, праша српскиот претседател откако Црвена Звезда беше елиминирана од тимот на Будуќност и остана без титула.
Загубивте момци, ние лошо ги вложивме тие пари, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ отворено пред камерите. Тој ги коментираше резултатите на Црвена Звезда по елиминацијата од полуфиналето на АБА лигата, каде драматично беше поразена од Будуќност.
Тој разговарал со амбасадорот во Црна Гора, Небојша Родиќ, и признал дека иако Звезда имала значително повеќе финансии од црногорскиот клуб, резултатите не го оправдале вложувањето.
– Звезда има трипати поголем буџет од Будуќност. Шест до седум пати повеќе добила пари од државата. И што добивме? – запраша Вучиќ.
Будуќност победи со звукот на сирената, благодарение на фантастичниот потег на Мекенли Рајт, најкорисниот играч на сезоната. Со тоа Црвена Звезда остана без титула и покрај огромната поддршка од државниот буџет.