ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА? „Омразениот“ Конте се враќа во Јувентус
Како што забележува Акомандо, клубот од Торино на 55-годишниот фудбалски стручњак му нуди тригодишен договор со плата од осум милиони евра годишно плус бонуси.
Јувентус почна да работи на враќање на Антонио Конте на тренерската функција, објави новинарот на „DAZN“, Орацио Акомандо.
Како што забележува Акомандо, клубот од Торино на 55-годишниот фудбалски стручњак му нуди тригодишен договор со плата од осум милиони евра годишно плус бонуси.
Конте е на чело на Наполи од 2024 година. Претходно се појавија информации дека тренерот наскоро ќе го напушти тимот каде што ќе биде заменет од Масимилијано Алегри.
Антонио Конте беше тренер на Јувентус од 2011 до 2014 година. Под негово водство „Старата дама“ три пати стана шампион на Италија и два пати го освои италијанскиот Суперкуп.