ЌЕ ПЛЕСКАШ КОГА ЌЕ СЛЕТА, НО НЕ СМЕЕШ ДА СТАНЕШ Турција ќе ги казнува сите што не чекаат авионот да запре
Покрај станувањето од седиште, казни ќе следуваат и за патници што трчаат кон излезот иако патниците пред нив сè уште не се подготвени, што, според властите, создава хаос и ризик за повреди.
Од 1 мај, Турската управа за цивилно воздухопловство официјално воведе нова регулатива со која се казнуваат сите патници кои го откопчуваат безбедносниот појас и стануваат пред авионот целосно да запре. Причината: зголемен број инциденти во кои патници се обидувале да ги земат куферите уште додека леталото се движи на пистата.
Наместо аплауз по слетување – казна од 2.603 турски лири, односно околу 60 евра.
Телевизијата Халк ТВ објави дека регулативата ќе биде строго спроведувана, а стјуардесите веќе се инструирани од „Туркиш ерлајнс“ да ги предупредуваат патниците и да ги пријавуваат прекршителите.
Покрај станувањето од седиште, казни ќе следуваат и за патници што трчаат кон излезот иако патниците пред нив сè уште не се подготвени, што, според властите, создава хаос и ризик за повреди.
Доколку и авиокомпаниите не ги следат новите прописи, тие ќе се соочат со административни санкции.
Поентата е јасна – додека светне знак за појас, седиштето е твоја единствена дестинација.