БРОДОТ КОЈ МУ „ПОТОНА“ ПРЕД ОЧИТЕ ГО РАЗБЕСНИ ЈОНГ УН Лидерот на Северна Кореја вели дека била посрамена земјата
Според малкуте детали кои ги објави државната телевизија на Северна Кореја, КЦНА, инцидентот на пристаништето Чонгџин бил предизвикан од губење на рамнотежата при спуштањето на бродот, при што делови од дното биле смачкани.
Инцидент се случил на церемонијата на претставување на нов воен брод во Северна Кореја на која присуствуваше и претседателот Ким Јонг Ун. Тој ја нарече несреќата од средата, 21 мај, „криминален чин што не може да се толерира“ и „небрежност што го наруши достоинството на самопочитта на нашата држава“.
Јонг Ун наредил бродот да биде поправен пред клучниот состанок на владејачката партија во јуни.
Според малкуте детали кои ги објави државната телевизија на Северна Кореја, КЦНА, инцидентот на пристаништето Чонгџин бил предизвикан од губење на рамнотежата при спуштањето на бродот, при што делови од дното биле смачкани. Не беа дадени дополнителни детали за степенот на штетата ниту дали имало жртви.
🇰🇵 Nothing makes a father happier than showing the new “innovative destroyer” to his daughter on a pier walk.
“Kim Jong-un and his daughter enjoying a stroll near the DPRK’s new 5,000-ton destroyer-class warship.” pic.twitter.com/loy8EKlfAQ
— Lord Bebo (@MyLordBebo) April 27, 2025
„Сериозна несреќа и кривично дело предизвикано од апсолутна невнимание, неодговорност и ненаучен емпиризам“, изјавил Ким според агенцијата.
Во април 2025 година, Јонг Ун го привлече вниманието кога ја прошета својата ќерка да го види претставувањето на воениот брод „Чое Хјон“ во бродоградилиштето Нампо, тежок 5.000 тони, кој се претпоставува дека е од истата класа бродови.
Ова беше еден од ретките случаи кога таа се појави во јавноста, што поттикна шпекулации за нејзината потенцијална улога во иднината на земјата.